„Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ е најбараната книга за деца во „Литература.мк“ во октомври

Новата волшебна приказна за најпознатата вампир-самовила „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ е најпродавана книга за деца во книжарниците „Литература.мк“ во октомври. Станува збор за 14-тата книга од серијалот на авторката Хариет Мункастер, објавен на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Двете нови изданија од популарниот интерактивен серијал „Пиши-бриши“: „Животните…

„Низ иглени уши“ од Кен Фолет е возбудлив шпионски трилер од Втората Светска војна

Шпионскиот трилер сместен за време на Втората Светска војна, „Низ иглени уши“ од познатиот велшки писател Кен Фолет, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, која првично била публикувана во 1978 година, е добитник на престижната награда „Едгар“ за најдобар роман, што ја доделува Американското здружение…

Моџо Килингтон ја доби наградата „4 Ноември“ од Град Битола за достигнувања во литературата со романот „Уништување“

Младиот автор Божидар Божиновски, познат како Моџо Килингтон, е еден од годинашните лауреати на општинската награда „4 Ноември“, што ја доделува Град Битола по повод денот на ослободувањето. Тој е еден од петте добитници на ова признание за едногодишни постигнувања. Божиновски за оваа награда бил предложен заради достигнувања во областа на литературата со романот „Уништување“,…

Урнебесните книги „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“ од Велко Неделковски ќе ги насмеат децата до солзи

Двете урнебесни книги за деца „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“, од реномираниот писател Велко Неделковски, деновиве излегоа од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Двете читанки се дел од едицијата „Лесно читливо“ и се наменети за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, надвор од задолжителните листи…

Романот „Капут од мов“ од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во „Литература.мк“

Новиот роман за деца и млади „Капут од мов“ од наградуваниот српски писател Стефан Тиќми ќе биде промовиран на 9 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. Промотори на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат уредничката Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. „Капут од…

„Умешност на лутината“ е најпродаваната мотивациска книга во „Литература.мк“ во октомври

Новата книга од областа на популарната психологија „Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ“ од м-р Билјана Велковска е најбараната мотивациска книга во книжарниците „Литература.мк“ во октомври. Зад неа се новата книга „Нашиот луд мозок“ од неврологот Дин Бурнет, која открива што навистина ни подготвува умот, и мотивациската книга што ги согледува скриените…

Вториот филм инспириран од книгите за Енола Холмс премиерно на „Нетфликс“

Вториот филм инспириран од книгите за тинејџерката-детектив Енола Холмс наскоро ќе биде достапен на популарниот стриминг-сервис „Нетфликс“. Премиерата на „Енола Холмс 2“, со Мили Боби Браун во главната улога, премиерно ќе може да се погледне на четврти ноември. Филмот е во режија на Хари Бредбир, а сценариото на Џек Торн. Покрај харизматичната Мили Боби Браун,…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во октомври

Современиот класик за млади, за крајот на невиноста и за темнината на човечкото срце – „Господарот на мувите“ од  нобеловецот Вилијам Голдинг,  е најпродаваниот наслов  од областа на фикцијата во книжарниците „Литература.мк“, минатиот месец. На топ 10 листата со најбарани книги следува новиот напнат и провокативен роман за родителството, расата и класата – „Остави го…

„На полпат: (критика или молк)“ е збирка со книжевни осврти на Оливера Ќорвезироска кон современите домашни и регионални изданија

Критички текстови кон 44 значајни изданија од современи македонски и регионални автори се собрани во новата збирка со книжевни осврти „На полпат: (критика или молк)“ од писателката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи рецензии и колумни пишувани во периодот од 2016 година до денес.…

„Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен е роман за болката, љубовта и срамот

Со онлајн-промоција, преку фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, вчеравечер (27 октомври) беше претставен романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“. Кон делото…

Романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот писател Бјорн Расмусен ќе биде промовиран онлајн

Романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен, ќе биде промовиран онлајн, вечерва (27 октомври, четврток), со почеток во 19 часот. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“. На промоцијата, која…

Билјана Велковска: „Умешност на лутината“ е водич за препознавање и справување со лутината

Лутината е најмалку разбрано човечко чувство. Оваа емоција е тешка за скротување, може да биде корен на многу наши дисфункционалности, но и извор на нашата лична моќ. Таа е во фокусот на новата книга од областа на популарната психологија „Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ“ од м-р Билјана Велковска, која беше промовирана…

Романот „Каде што спие ветрот“ од Дамијан Шинигој е тинејџерска романса со еколошки и педагошки пораки

Наградуваниот авантуристички роман за млади, „Каде што спие ветрот“, од словенечкиот писател Дамијан Шинигој излезе во превод на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа „Традуки“. Преводот од словенечки јазик е на Дарко Спасов, а уредничка е Бисера Бендевска. Заради своите…

„Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ – нова волшебна приказна за најпознатата вампир-самовила

Серијалот „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер деновиве се збогати со уште една волшебна приказна во која Исидора учи за вселената на училиште. Станува збор за „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во новата, возбудлива приказна, Исидора една ноќ здогледува ѕвезда паѓалка што паѓа од…

„Генералот на мртвата војска“ од Исмаил Кадаре е роман за залудноста на војната

Најпознатиот роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре, „Генералот на мртвата војска: единаесет кажувања“, излезе од печат на македонски јазик. Ова е трета книга од Кадаре, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации, по современите класици „Куклата: Портрет на мајка ми“ и современиот класик „Прогонетата: Реквием за Линда Б“. Приказната во…