Читајте книги и ќе бидете подобри луѓе

Сакате да станете подобра личност? Ако одговорот е потврден, тогаш размислете да прочитате некоја книга. Според студијата што ја спроведе лондонскиот универзитет „Кингстон“, ако редовно читате ќе бидете пољубезен и почувствителен.Тестирани се 123 учесници, кои на почетокот на истражувањето откриваат кои се нивните омилени книги, театарски претстави и ТВ-програми. Истражувачите ги проценија нивните вештини за…

Забава инспирирана од вашиот омилен роман

Независно дали подготвувате роденденска забава, свадбена веселба или сакате да направите журка за вас и за вашите пријатели, постои едноставен начин како одредена книга да ја пренесете во вашиот социјален живот, односно да направите тематски настан инспириран од омиленото книжевно дело. Тематските забави се секогаш интересни и додека се подготвуваат, но и додека се случуваат.…

Изложба на корици „Прошетка низ Европа“ во „Литература.мк“

Креативните решенија за корици на романи од едицијата „Прошетка низ Европа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од Арс Ламина публикации оваа недела ќе бидат изложени во во книжарницата „Литература.мк“ на ул. Македонија. Изложените корици се дела на студенти кои учествуваа на конкурсот за дизајн организиран од Арс Ламина публикации, а најдобрите решенија беа наградени и објавени…

Top 10 книги за летово

Вообичаената пропорција со која се соочуваат страсните вљубеници во литературата вели „Многу добри книги, малку време“. Но, за среќа одморите го менуваат тој однос, па можеме да зборуваме за „тамам време за две-три книги“. Направивме избор од различни жанрови, книги за млади, чик-лит, биографии, детективски романи и современи романи, за да ја задоволите вашата потреба…

Sвезди кои пишуваат книги за деца

Листата на јавни личности кои напишале книги за деца се зголемува. Некои од нив напишаа автобиографски книги, а пак некои имаа дива фантазија. Независно како се конципирани, детските книги напишани од познатите личности се задоволство за целото семејство. Но, која е најпознатата личност која напишала книга за деца? На нашата листа, првото место ѝ припаѓа на…

Списанија за деца – задолжителна литература за одмор

Карактеристичниот фолклор за на одмор секогаш е придружен со весници и списанија што ве информираат и ве забавуваат истовремено. И додека вие имате избор, не само со локални туку и со регионални изданија, децата својата потреба ја згаснуваа со некое инцидентно издание. За среќа, на пазарот се појавија „ЛИБИ“ и „Мини ЛИБИ“, па авантурата со…

Градови на книжевноста

Уште од 2004 година УНЕСКО почна иницијатива за именување градови на книжевноста, градови што многу повеќе од другите ја негуваат и ја развиваат љубовта кон книжевноста, со цел да се промовираат социјалниот, културниот и економскиот развој на тие центри. Првиот град што ја доби таа титула е Единбург во Шкотска. Поголемите градови на книжевноста се…

10 најдобри детски книги за ова лето

Задолжителната литература, лектирите не секогаш се доволно атрактивни за децата за да ги понесат на одмор и да се уживаат во нив. Но, за создавање и продлабочување на читачката навика ние ви ги нудиме детските хитови на кои ниту децата ниту возрасните не можат да останат рамнодушни. 1. Комплет „Басни од Македонија“: „Лакомата мечка“, „Војската…

Пинк Флојд на „Види музика, слушни слика, добиј книгa“

Во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, денес, четврток од 21 часот ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња, „Пинк Флојд“Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар. „Железниот репертоар“ на Пинк Флојд– класиците како:…

Совети за пишување на Нил Гејман

Еден од најпочитуваните автори на денешницата Нил Гејман, автор на научно-фантастичните книги за деца и возрасни е прецизен во својот писателски занает. За пишувањето на Океан на крајот на патот, Американските богови и Анастасиевите момчиња вели дека е вештина за која треба да се придржувате до неколку совети. Британскиот „Гардијан“ пред извесно време ги објави…

За актерите, сè почнува од литературата

Таа е вљубеник во книжарници. Ретко подарува книги, бидејќи ги купува за себе, а потоа ги раздава, па во тој процес битно е книгата да патува од рака на рака за да си ја пренесе пораката. Како хероина од детска книга при секоја средба нè потсетува на неопходноста на слободниот детски дух во нас. Ова…

Библиотекарка во Москва обвинета за екстремизам

Вработена во украинската библиотека во Москва е условно осудена на четири години затвор поради „екстремизам“ и проневера, на „политички мотивираното“ судење, како што таа го оценува тоа Судот во Москва во образложението наведува дека „успеал во целост да докаже вината“ на Наталија Шарина и ја осудил со четири години затвор условно, објавува „Франс прес“. Шарина, која…

Цркви претворени во книжарници

Една доминиканска црква од 15 век во холандското гратче Цволе е целосно реставрирана и е претворена во модерна книжарница – библиотека „Waanders In de Broeren“. Необичниот проект, од чијашто основа изнедри огромната, модерна книжарница распространета на 700 квадратни метри, го реализираше архитектонското биро „БК Архитектен“ од Утрехт.И покрај пренамената на објектот, тимот на архитекти успеал…

Конечно, говорот на Боб Дилан стигна до Шведската академија

Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за литература за 2016 година, во последен момент го предаде својот говор на Шведската академија, за да ја добие паричната награда од 800.000 евра.„Говорот е одличен, елоквентен, како што се очекуваше. Со оглед на фактот што говорот на Дилан е веќе предаден, неговата авантура се доближува до крајот“, коментира…

Навиките за спиење на познатите писатели спроти книжевната продуктивност

„И во спиењето и во пишувањето“, Стивен Кинг ја забележал својата одлична медитација за уметноста на „креативниот сон“ и будното сонување, „ние учиме да бидеме физички мирни во исто време кога ги поттикнуваме нашите умови да се ослободат од едноличното рационално размислување на нашите животи за време на јавето“. Со текот на годините, во мојата…