Професионален предизвик ми се книгите на Нил Гејман

Таа е уникатна појава на нашата јавна сцена. Иако нејзината професија ја лоцира зад кулисите или зад диџејскиот пулт, таа, така малечка, суптилно се наметнува. Ја доживувам како пачворк од сè што е уметност, па можеби затоа е и добра во сè што носи нејзин сценографски или костимографски потпис, како актуелната серија „Инсајдер“, претставите „Стјуардеси“…

Филм за последната книжарница

Дали некогаш сте помислиле како би изгледала последната книжарница? Замислете свет во кој постојат само документи, текстуални датотеки настанати на основа на оригиналната содржина на книги што се изгубиле патем. Свет во кој оригиналната приказна на хартија ги крши авторските права на е-книгата. „Последната книжарница“ е краток филм настанат во 2012 година. Неговите автори се…

Пипи Долгиот чорап денес

Пипи Долгиот чорап е книжевен лик создаден од шведската писателка Астрид Лингрен кој на екран го оживеа шведската актерка Ингер Нилсон на осумгодишна возраст. Карактеристичната насмевка, љубопитниот поглед и ѓаволестата енергија која ја поседуваше ја направија омилен детски лик од серијата и филмот „Пипи Долгиот чорап“. Денес таа има 57 години, живее во Стокхолм, каде…

Успешна промоција на романот „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо

„Ако веќе мораш да бираш каде да ја бараш смислата на животот, почни од Париз…“ Романот „Анаис од Монмартр“ од младата авторка Јана Мишо, вчера (19 октомври) беше промовиран и на македонски јазик, во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Романот е во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации. Со оглед на тоа што оригиналната верзија…

Отворен Саемот во книгата во Франкфурт

Отворен најголемиот саем на литература во Франкфурт: Македонија со над 400 наслови од 250 авториПод мотото „Магијата на македонската литература“, со над 400 наслови од 250 македонски автори, преведувани и наградувани, Македонија се претставува на Саемот на книга во Франкфурт кој се одржува од денеска до 15 октомври. Во фокусот годинава е привлекување на интересот…

Пишувањето роман е преживување

Во друштвото на домашни книжевни автори, таа е необична појава, пишува на англиски јазик, а потоа сама се преведува, прва објавува книга на „Киндл“, ќе ја најдете на „Амазон“… Малку писателски стаж, а многу позитивни критики за нејзините книги. Непосредно пред промоцијата на романите на „Саемот на книгата“ во Франкфурт, а потоа во Скопје и…

Меркел и Макрон го отвораат Саемот на книгата во Франкфурт

Претседателите на Германија и Франција, Ангела Меркел и Емануел Макрон, утре, 10 октомври, ќе го отворат Саемот на книгата во Франкфурт 2017Годинешново учество на Франција како земја почесен гостин на саемот е под закрила на претседателот Емануел Макрон. Инаку, според Јирген Бос, директор на Саемот за книга: „Присуството на Меркел и Макрон треба да ја…

Читањето е како учење на животна лекција

Сликарството е асоцијација за неа, иако пред да ја дознаете таа информација, ѝ ја паметите насмевката. Литературата ѝ е поткрепа во реализирањето на нејзиниот уметнички порив, затоа со задоволство ја отвори нејзината библиотека, Микица Трујкановиќ. Дали литературата те инспирира за сликање? Секако, несомнено имаме некоја наша тајна врска. Творештвото, уметноста сепак се базира на исти…

Славење на преведувачката професија

30 септември „Меѓународен ден на преведувачите“ Ширум светот 30 септември се одбележува како „Меѓународен ден на преведувачите“ започнувајќи од 1991 година, кога Меѓународната федерација на преведувачите го прогласи овој ден за ден на преведувачи со цел ширење на свеста за важноста на оваа професија и искажување на солидарноста со колегите ширум светот. Свети Еероним или…

Научно фантастични книги што ја предвидоа иднината

Научната фантастика е литературен жанр во кој дел од приказната или, пак, целата е основана на наука. За да ги читаме овие книги понекогаш е потребно солидно општо образование, бидејќи овие книги се полни со референции, симболи, места и локации, што го бараат тоа. Понекогаш, покрај солидното знаење, потребна ни е и фантазијата, бидејќи се…

Книжевен факт бр.10

Вистинската „Алиса во земјата на чудата“ всушност е Алиса Линдел. Нејзините родители биле пријатели на Луис Керол, авторот на делото и ја напишал приказната за неа, кога таа имала десет години. 

„Мини Либи“ и „Либи“ подготвени за во училиштата

По три години истражување, анализирање и подготовка „Арс Ламина“ со гордост го најавува новиот септемвриски, четврти број на списанијата МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) одобрени за издавање од Министерството за образование.МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) се модерно дизајнирани списанија наменети за ученици од прво до трето, односно од четврто…

Мачките на Хемингвеј ги зачуваа сите девет животи во текот на ураганот Ирма

Ураганот Ирма опустоши градови, уништи домови, патишта, возила, но преживеаjа полидактилните мачки на Хемингвеј. Педесет и четири мачки, од кои неколку директни потомци на мачките на Хемингвеј, го преживеаjа ураганот Ирма во подрумот на неговата куќа во Ки Вест на Флорида. Сите мачки, заедно со десетина луѓе, се спуштија во подрумот на куќата што денес…