НАСКОРО: Книга за деца „Вистинска приказна за две соседни кралства“

Книгата за деца „Вистинска приказна за две соседни кралства“ чиј автор е Марија Костадиновска, а илустрациите се на Александра Филипоска, наскоро ќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на www.literatura.mk. Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Ова воопшто не е некоја обична приказна. Туку, вистинска е. За две соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица. И за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни. Туку, сега, вистински се случува.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.