Д-р Слободан Боби Лазаревски: Медицината – професионална судбина, плочите, велосипедизмот, книгите и внуките – љубов и животни пасии

Познатиот гинеколог и експерт по асистирана репродукција, д-р Слободан Боби Лазаревски во новото издание на „Астрорум“ зборува за својата работа, за велосипедизмот, колекционерството на плочи, литературата и културата. Во разговорот разоткрива некои поинакви сегменти од животниот и професионалниот пат. Неговата работна биографија е фасцинантна, а доволно е да споменеме дека неговата стручност досега има резултирано со бројка на новородени бебиња од епрувета колку еден цел град во Македонија.

Д-р Слободан Лазаревски дипломирал во 1984 година на Медицинскиот факултет во Скопје, потоа на истиот и специјализирал гинекологија и акушерство, а неговата супспецијалност е брачната неплодност. Подоцна тој се доусовршувал во доменот на асистираната репродукција во Софија и Љубљана. Лазаревски само една година по дипломирањето се вработува во Гинеколошко- акушерска клиника на Универзитетскиот клинички центар – Скопје, а во 1995 храбро решава да премине во приватната пракса. После пет години, заедно со уште неколку негови колеги успева да најде инвеститор за реализација на својот професионален сон и станува еден од основачите на Одделот за гинекологија и акушерство во приватната болница „Мала Богородица – Систина“. Од 2010 година тој е дел од тимот на клиничката болница „Аџибадем Систина“ и е раководител на Одделот за асистирана репродукција со кој е лидер по успешност во регионот, но и пошироко. Тој е национален координатор во ИВФ секторот, претставник на Македонија во Конзорциум на (ESHRE) за ИВФ мониторинг, и е член на сите релевантни светски асоцијации од областа, како ESHRE – Европска асоцијација за асистирана репродукција и ендокринологија и ASRM – Американско здружение за асистирана репродукција. Доктор Слободан Лазаревски важи за еден од најголемите експерти во светот од доменот на хуманата репродукција.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.