Го одбележуваме Денот на љубителите на книгата

Читањето книга е сонување со отворени очи

На денешен ден (9 август) се прославува Интернационалниот ден на љубителите на книгата. Ќе се согласите дека за вистинските библиофили секогаш е погодно време за добра книга и не чекаат посебни празници и јубилеи. Но, овој датум се одбележува со цел да се потсетиме на убавината на литературата и на читањето. Како и зошто ги засакавте книгите?

Како што има безброј одговори на ова прашање, така има и многу теории за потеклото на овој празник. Не е познат конкретниот иницијатор, повод и година кога почнал да се одбележува Денот на љубителите на книгата, но се знае дека оваа традиција најмногу се проширила во САД. Таму на 9 август секоја година се одбележува Националниот ден на љубителите на книгата. Оваа убава пракса ја прифатиле и останатите земји, и така, овој датум станал неформален ден на сите љубители на читањето.

Овој ден се одбележува во библиотеките и книжарниците, со специјални настани, средби со авторите и распродажби. Овој празник е добар потсетник дека може, барем еден ден, да ги исклучиме паметните телефони и социјалните мрежи, и целото внимание да ѝ го посветиме на книгата.

Доколку имате дилема која книга да ја изберете, ви ја преставуваме богатата понуда од „Литература.мк“ на следниот линк.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.