Дрвена книга со загатки кои треба да се решат за да се прочита текстот


За да ја прочитате содржината на „Кодекс силенда“ (Codex Silenda) ‒ необичната книга со дрвени страници, првин треба да ги решите загатките. Секоја од петте страници на оваа книга, дизјанирана од индустрискиот дизајнер Брејди Витни, содржи загатка, која мора прво точно да се реши, за да може да се прочита текстот.

Оваа уникатна книга не содржи само едноставни игри на зборови и лесни математички проблеми, туку комплицирани механички загатки направени од ласерски изделкано дрво кои се вградени во секој дел од нејзините страници. Решението на секоја загатка ја отклучува следната страница, а како што читателот се движи низ кратката приказна од книгата, исто така, мора да ги решава загатките врежани на страниците од спротивната страна на текстот.

Извор: Мymodernmet

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.