10 книги за кои луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

Со цел да постигнат подобра репутација и да се истакнат во друштво, многумина тврдат дека уживале во некоја книга, која всушност никогаш не ја прочитале. Според едно истражување во Велика Британија, дури 60 отсто од луѓето тврдат дека прочитале одредени книги. Повеќе од 40 проценти признале дека кога ја раскажуваат содржината се повикуваат на телевизиските и филмските адаптации на култните романи.
Дел од нив прочитале само скратена верзија или кусо сиже за книгата. Половина од испитаниците признале и дека најголем дел од книгите што се наоѓаат на нивните полици и семејни библиотеки не ги прочитале, а третина кријат кои книги и магазини всушност ги читаат.

На топ 10 листата со книги за кои луѓето најчесто лажат дека ги прочитале се:
1. „1984“ – Џорџ Орвел
2. „Војна и мир“ – Лав Толстој
3. „Големите очекувања“ – Чарлс Дикенс
4. „Ловец во житото“ – Џ.Д Селинџер
5. „Господарот на прстените“ – Џ.Р.Р. Толкин
6. „Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли
7. „Злосторство и казна“ – Фјодор М. Достоевски
8. „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин
9. „Џејн Ер“– Шарлот Бронте
10. „Оркански височини“ – Емили Бронте
На „фалбаџиската“ листа може да се додадат и „Одисеја“ од Хомер и „Библијата“.

Веројатно се прашувате – зошто токму овие книги толку често се споменуваат, и зошто на луѓето им е важно да кажат (макар и во лага) дека ги прочитале?
Одговорот е едноставен – станува збор за класици, со сериозна и комплексна содржина, кои овозможуваат истакнување во друштвото или вклучување во интелектуалните кругови.
Дали сакате класици? Кои од овие книги ги имате прочитано? Дали некогаш сте излажале дека сте прочитале некој роман и зошто? 🙂

Извор: Nationalgeographic.rs

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.