Марија ја чита книгата „ГДЏ“ од Роалд Дал

Дали сте ја прочитале една од најубавите книги за деца, „ГДЏ“ од славниот британски писател Роалд Дал? Светскиот детски бестселер со препознатливите илустрации на Квентин Блејк, на македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“.
ГДЏ не е таму некаков си обичен џин што дроби и џвака коски. Не, тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш засекогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Книгата е една од омилените и на сестричките Марија и Маги. Марија деновиве сними видео, со свое видување на книгата. Таа открива од каде доаѓа кратенката ГДЏ, што е џин, за што раскажува книгата и чита дел од приказната.
За соништата, џиновите и авантурите на храбрата Софи слушнете/видете повеќе на видеото објавено на „јутјуб“ каналот „Марија и Маги“.

Книгите од Ролад Дал на македонски јазик се во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – Публикации“. Достапни се во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“ и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарачаат и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк

One thought on “Марија ја чита книгата „ГДЏ“ од Роалд Дал

  1. Пингување: Марија ја чита книгата „Вештерки“ од Роалд Дал | Literatura.mk

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.