„Нетфликс“ ќе сними серија по книгите од Роалд Дал

Книжевните класици од омилениот британски автор за деца Роалд Дал ќе бидат екранизирани во новиот анимиран серијал што го најавува „Нетфликс“. Компанијата, која што ќе ги продуцира и емитува филмовите, најави дека засега се откупени правата за снимање на 15 наслови. Меѓу нив се „ГДЏ“ (Големиот добар џин), „Чарли и фабриката за чоколада“ (во две продолженија), „Есио Трот“, „Матилда“, „Прекрасната медицина на Џорџ“; „Момче: Приказни за детството“; „Одење сам“, „Огромниот крокодил“, „Жирафата, Пели и јас“ „Хенри Шеќер“, „Били и Минпинс“, „Магичниот прст“, „Валкани ѕверови“ и „Твитс“. Приказната за „Чарли и фабриката за чоколада“ ќе добие и продолжение. Од „Нетфликс“ најавуваат деќа ќе изградат посебен свет инспириран од универзумот на Дал. Снимањето ќе почне во текот на оваа година, а сѐ уште нема најава кога ќе биде емитувана првата епизода.

„ГДЏ“ (Големиот добар џин) е меѓу книгите што ќе добијат филмувана везрија од „Нетфликс“

Книгите од Ролад Дал на македонски јазик се во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – Публикации“. Доспатни се во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“ и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарачаат и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.

 

 

Извор: The Guardian

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.