Нова книга: „Џиновска продавница на фантазии“ од Бистра Георгиева


„Џиновска продавница на фантазии“ е втора детска книга на младата Бистра Георгиева, која, како и нејзината претходна сликовница Ото, Ото и Ото е продолжување на, како што се покажа, мошне успешната соработка со шпанската илустраторка Моника Каретеро. „Џиновска продавница на фантазии“ е книга која ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, „нелогична“, разиграна, смешна, максимално креативна…

Си бил еден џин кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии, за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. На страниците што следуваат се сместени полиците со фантазии што ги продава Џинот. Од празните, пак, ’рафтови‘ можеш да си создадеш своја сопствена продавница за фантазии.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.