
Дваесет и тригодишната Eлизабет Саган љубовта кон книгите ја преточува во уметнички објави на својот инстаграм-профил.
Оваа „книгограмџика“ најпрвин почнала да ги споделува своите омилени книги, да пишува препораки, а тоа прераснало во едни од најкреативните објави на оваа социјална мрежа. Секоја фотографија е посебна приказна, често поврзана со содржината на книгата што сака да ја препорача. На објавите книгите стануваат дел од мозаикот во чијшто фокус е Елизабет. Преку асоцијативните фотографии таа открива дел од својата лична библиотека што секојдневно се збогатува со нови наслови и со колекционерски изданија.
Овој несекојдневен профил го следат повеќе од 95.000 луѓе. Преку „Мybookfeatures“ – исто така основан од Саган, добиваат можност и тие да ги објават своите креативни фотографии со омилените книги.













































