Нова книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“


На 14 јули (сабота) во „Скопје сити мол“ (Skopje City Mall) ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Продажниот простор на „Литература.мк“ е лоциран на вториот кат од трговскиот, во близина на одделот за храна.
„Литература.мк“ носи литературна свежина во најпосетениот трговски центар во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Застапени се голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици.
Ова е четврти специјализиран продажен сервис на „Литература.мк“, по интернет-продавницата http://www.literatura.mk и по книжарниците на улицата „Македонија“ и во ТЦ „Рамстор“ во Скопје.
По повод отворањето ќе има 30 отсто попуст на сите изданија, како и многубројни изненадувања за купувачите во продажното место во „Скопје сити мол“.
Почнувајќи од 14 јули, продажниот простор на „Литература.мк“ ќе работи согласно работното време на „Скопје сити мол“, секој ден од 10 до 22 часот.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.