
Со книгата „Приказната за ’Ербиенби‘“ од Ли Галагер продолжуваме да ви ги разубавуваме понеделниците. На профилот на „Литература.мк“ на „Инстаграм“ во коментар тагнете ги својот пријател или својата пријателка, кои ви се идеален партнер за патување и добијте ја на подарок „Приказната за ’Ербиенби‘“! Извлекувањето ќе биде по случаен избор во понеделник, на 9 јули, за убав почеток на неделата!
Ова е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират. „Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување“, напиша Рана Форохар, колумнистка во „Фајненшал тајмс“ и глобален економски аналитичар за Си-ен-ен.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.














