Полицаец од Колашин наизуст ги владее Куранот и Светото писмо, цитира дела од светската книжевност и изучува психологија

Документарецот „Мило“ во продукција на „Ал Џезира Балканс“, чиешто сценарио е потпишано од Фахрудин Бечиќ, извршниот продуцент на оваа телевизија, зборува за Мило Шчеќиќ, ексцентричен полицаец од Колашин, мал град на северот на Црна Гора, кој има прочитано илјадници книги, истражува психолошки феномени и необични појави, анализира уметност и филозофија и ја поврзува книжевноста со религијата.

Шчеќиќ го цитира Достоевски, Томас Ман и Гете, Крлежа и Андриќ, го анализира Његош, изучува психологија и се занимава со езотерија, метафизика и филозофија, рецитира поезија и им помага на децата со аутизам. Верува во добрината.

Филмот „Мило“ е видеосторија за овој навистина необичен човек.

Целиот филм.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.