„Ти и јас“ – персонализирана книга како подарок за вашите најсакани

Вашата љубов може да биде книга, што ќе ја испишувате заеднички низ животот.

Создадете оригинален подарок за оној или за онаа што најмногу ви значи. Направете книга во која заедничките моменти можете да ги допишувате, да ги цртате, да ги боите или, пак, да залепите фотографии, така што ќе ја посветите на оној или на онаа што најмногу го/ја сакате.

Страниците од книгата се отворени за да ја раскажете вашата приказна, на својствен начин за вас. Сè што сакате да запаметите, оставете го во неа како трага и тоа ќе зборува низ времето за вас двајца.

„Ти и јас“ е дел од изданијата на „Скрипти“ наменети за модерни, урбани луѓе, кои сакаат добар дизајн и бараат уникатни искуства околу нив.

Производите на „Скрипти“ се направени за да траат, исто како моментите што ќе ги „врамите“ во оваа книга.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.