Претседателите на Германија и Франција, Ангела Меркел и Емануел Макрон, утре, 10 октомври, ќе го отворат Саемот на книгата во Франкфурт 2017
Годинешново учество на Франција како земја почесен гостин на саемот е под закрила на претседателот Емануел Макрон.
Инаку, според Јирген Бос, директор на Саемот за книга: „Присуството на Меркел и Макрон треба да ја симболизира поврзаноста на Франција и Германија и нивната посветеност за силна и обединета Европа“.
Саемот на книгата во Франкфурт почнува на 11 и ќе трае до 15 октомври.














