„Да читаш е кул“ – фестивал за литература за деца

Од денес 15 (петок) до 17 септември во организација на издавачката куќа Табернакул од Скопје во Мала станица ќе се одржи фестивалот „Да читаш е кул”Фестивалот „Да читаш е кул” е во рамки на проектот „Читатели од иднинатa” што се реализира во партнерство со издавачката куќа Дитурија од Албанија и со агенцијата Арчипелаго онлус од Италија со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Во рамки на фестивалот предвидени се работилници за деца со писатели, илустратори, психолози, антрополози…

Фестивалот ќе опфати и трибина наречена „Сите книги се важни“ со учесници поврзани со книгата и читањето од повеќе аспекти (преведувачи, уредници, издавачи, автори за деца) од трите земји партнери во проектот.

Во придружната програма на фестивалот ќе има поетски рецитали, читачки сесии, театарска претстава и изложба.

Повеќе информации:

https://www.facebook.com/events/2332992850259755/?active_tab=about

 

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.