Sвезди кои пишуваат книги за деца

Листата на јавни личности кои напишале книги за деца се зголемува. Некои од нив напишаа автобиографски книги, а пак некои имаа дива фантазија. Независно како се конципирани, детските книги напишани од познатите личности се задоволство за целото семејство. Но, која е најпознатата личност која напишала книга за деца?

Madonna (Photo by Dimitrios Kambouris/WireImage)

Сите детски книги на Мадона прецизни во поуката да се да се биде свој

На нашата листа, првото место ѝ припаѓа на Мадона, која досега издаде пет книги за деца. Секоја од нив е прецизно илустрирана и раскажува приказни низ кои децата учат како да ги совладуваат различните ситуации на училиште или на игралиште.

 

Покрај Мадона, меѓу музичарите-писатели се вбројуваат и Боб Дилан и Стинг.

 

Купчето букви, инспирација за Стив Мартин

Неколкумина комичари направија обиди со детските книги. Џери Зајнфелд ја напиша книгата „Халовин“, што ги покрива сите детали за овој празник, од избирање костум до играње „прелажи-или-почести“ (trick-or-treating). Стив Мартин, заедно со илустраторката на „Њујоркер“, Роз Част, заедно ја напишаа неодоливата „Азбука од А до Џ со бонус буква Ш!“ (The Alphabet from A to Y with Bonus Letter Z!), а исто така и добитникот на „Еми“, Били Кристал, инспириран од својата улога на дедо ја напиша „Тукушто разбрав дека те сакам“ (I Already Know I Love You).

„Слабоста“ да се биде дедо, пренесена во книгата на Били Кристл

Ви ја приближуваме оваа листа на ѕвезди кои пишуваат книги за деца како предизвик за размислување, зошто толку познати лица одлучуваат да се впуштат во овие води, токму со литературата за деца? Споделете го вашиот став, многу ќе ни значи.

 

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.