Алек Болдвин пишува сатирична книга како Доналд Трамп

Откако мајсторски го имитираше Доналд Трамп во емисијата Saturday Night Live, Алек Болдвин го поместува сатиричниот приказ на Доналд Трамп на следно ниво. Славниот глумец планира да биде коавтор на сатиричната книга што би ја напишал во духот на неговите имитации.

Алек Болдвин како Доналд Трамп во емисијата Saturday Night Live

Алек Болдвин, заедно со писателот Курт Андерсон, работат на книга што засега ја нарекуваат „Не можеш да ја спелуваш Америка без мене: Вистински доверлива приказна од мојата фантастична прва година како претседател Доналд Џ. Трамп“.

Оваа книга ќе биде објавена во ноември, а аудио-изданието ќе го чита Алек Болдвин во своја изведба на Доналд Трамп.

„Искрено е да признам дека поголем дел од работата ќе ја заврши Курт Андерсон“, рече Болдвин. „Имавме џентлменски договор според кој тој нема да става перика на глава, а јас нема да ја отворам програмата во ворд.“

Имитацијата на Доналд Трамп што ја направи Алек Болдвин имаше одлична гледаност, а пристигна и негативна реакција од Белата куќа. Имено, Доналд Трамп на својот профил на „Твитер“ напиша дека „не можеше да биде полоша имитацијата“.

Извор:

https://www.theguardian.com/books/2017/mar/01/alec-baldwin-trump-book-cant-spell-america-without-me

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.