Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска.
Книгата е во издание на Центарот за музикологија ЦЕМ, а е создадена по иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ во чест на 80-годишнината од раѓањето на Александар Џамбазов.
Промоцијата се одржа на 29 ноември 2016 (вторник) во 20 часот во книжарницата „Литература.мк“, а промотор на изданието беше Бранка Костиќ-Марковиќ, уредник на Астрорум на Литература.мк.















