Детската книжевност учествува во изградбата на секој поединец, а естетичките и етичките погледи во подоцнежниот период од животот се условени од она што сме читале како деца. Често не сме свесни дека она што сме го прочитале во детство останува во нас и кога ќе пораснеме.
Местото што книгите го заземаат во животот на најмладите е под влијание на средината во која се развиваат, на родителите, па потоа училиштето и библиотеките, се разбира, тука се и медиумите што нè опкружуваат.Училиштата и библиотеките, училниците во кои децата поминуваат неколку часови дневно, треба да се простор во кој тие ќе бидат инспирирани да читаат и да ги прошируваат своите знаења.
Во Јапонија е направена кампања за враќање во библиотеките, што има цел поттикнување на улогата на библиотекарите во развојот на најмладите.
Скулптурите на деца направени од книги се поставени во училници и библиотеки, а на фотографиите од кои се направени постери се напишани инспиративни пораки за значење на книгите.Овие скулптури ја презентираат идејата дека нас нè обликуваат книгите што сме ги прочитале во детството.
Проектот е поттикнат од градскиот одбор за образование на Јокохама, а кампањата за важноста на библиотеките во ширењето на знаењето и развојот на најмладите ја реализираше тим на Дентасу Токио, предводен од уметникот Михару Мицанагу.
Извор:














