Ирвин Велш ја адаптира книгата за ТВ-серија

Приказната „Злосторство“ (Crime) на Ирвин Велш, авторот на „Треинспотинг“, ќе биде адаптирана за телевизија.

2Оваа книга, по оцените на критиката, е најдобра приказна по „Треинспотинг“. Детективот од Единбург, зависник од алкохол и кокаин, кој запаѓа во невола додека е на одмор на Флорида, е сиже што бара да биде екранизирано. Откако животот на Рај Ленокс ќе се сврти наопаку додека работи на случајот со сексуално малтретирање деца, веднаш по стигнувањето во Мајами, тој ќе биде навлечен во круг на педофили кои понатаму ќе ги штити. Актерот Доуграј Скот, познат по „Невозможна мисија“ и „Зафатен“ (Taken), ќе го игра ликот на Ленокс.

1

Актерот Доуграј Скот го игра детективот Рај Ленокс

Поголем дел од серијата ќе биде снимен на Флорида, додека делот што прави навраќање на живото на Ленокс низ сеќавања ќе биде сниман во Единбург.

Извор:

https://www.theguardian.com/books/2016/oct/16/irvine-welsh-adapting-bestselling-novel-crime-television

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.