„Литература.мк“ е новото место за љубителите на книгата, вљубениците во пишаниот збор и талкачите низ бескрајниот литературен простор.
На првиот кат во ТЦ „Рамстор“ започна со работа „Литература.мк“, книжарница во која се обединети страста за убав збор, страста за шопинг и страста за враќање на книгата во нашето секојдневие.
Низ интересен разговор со нашите книжари ќе бидете внесени во книжевниот свет на знаменитите Габриел Гарсија Маркес, Умберто Еко, Харпер Ли, Киплинг… На истото место можете да најдете и богат избор на литература за деца како „Бајки од Македонија“, „Пчеличката Маја“, „Дина и Додо“… Понудата е богата, внимателно одбрана и прегледно изложена.
Посетете нè во ТЦ „Рамстор“ и дозволете да ве обземе магијата на новото книжевно катче.















