Арс Ламина и Скопје ЗОО организираат „ЗОО викенд со Маја“

Овој викенд, во сабота и во недела, со почеток од 11 и од 12 часот, Арс Ламина, во соработка со скопската зоолошка градина, организира серија работилници на тема „Пчеличката Маја и пријателите: Неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата“.

700x330-zoo-vikend-so-majaВо рамки на работилниците децата низ игра и забава ќе имаат можност да се запознаат со инсектите и природата. Презентациите ќе ги води Дафина Клековска, биолог, а воедно и уредник во Арс Ламина. Една од целите на оваа работилница е децата, но и нивните родители, да го надминат стравот од инсектите и малите животинчиња и да ги запознаат убавините на природата.

Презентации, квиз на знаење, турнир во едукативни игри, цртање, боење, видео, игри на отворено, сликање со маскота Пчеличката Маја, сертификат за секој учесник, награди и многу други изненадувања ги очекуваат малите посетители на зоолошката градина овој викенд!

Овие работилници се дел од проектот „ЗОО викенд со Маја“ што скопската зоолошка градина ги организира заедно со издавачката куќа Арс Ламина, издавач на разни едукативни и забавни изданија со Пчеличката Маја. Во рамки на овој проект, во текот на повеќе викенди во Скопје ЗОО ќе бидат организирани и други работилници и игри за најмладите посетители на зоолошката –медени работилници (инспирирани од „Маја – медениот готвач за деца“), турнири во разни игри (како дел од изданијата со забавни Маја активности) итн.

Повеќе информации на Facebook страницата Пчеличката Маја.

Се гледаме во Скопје ЗОО!

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.