Во пресрет на летните одмори Македонската асоцијација на издавачи – МАИ и Трговскиот центар „Рамстор“ првпат заеднички организираат летен саем на книгата.
Саемот се одржува во „Рамстор мол“ од 31.05 до 04.06.2016 година, а ќе бидат презентирани најновите изданија на книгоиздателствата- членови на Македонската асоцијација на издавачи.
Во текот на целата саемска недела издавачите обезбедија книги на попуст до 70%. За вљубениците во книгата, на штандовите следуваат подароци и изненадувања.
Македонската асоцијација на издавачи – МАИ, со овој прв настан најавува ангажирано лето и во другите градови низ Македонија.















