Бајки од Македонија

Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни кои претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и прилагодени на децата од предучилишна возраст.

Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“ ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со Арс Ламина. Изборот на бајките беше направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а бајките ги адаптираше Билјана Црвенковска.

Момчето што се скри во златното јаболко

Царот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!

dvata cara

Одеднаш, низ дрвјата здогледа една срна како трча. Срната бегаше и бегаше, но се сопна од една пенушка и падна. Во моментот кога царскиот син се приближи до неа, срната му проговори: „Немој, те молам, не ме убивај!“

vejko severko

Талкаше така дење и ноќе, преку седум гори и седум планини, за да стигне на крајот до куќата на Северко. Детето тропна на вратата, но северко не беше дома, па тоа си седна на прагот да го почека. Одеднаш, нешто почна да фучи. Сè се затресе. И ете ти го Северко, студен и намуртен!

12 meseci

„Туку, слушај девојче, сакам нешто да те прашам. Можеш ли да ми кажеш кои месеци во годината се поубави, а кои полоши?“ „Златна бабичке“, рече девојчето, „мене сите месеци во годината ми се убави, кој од кој поубав. За мене нема ниту еден лош месец.“

One thought on “Бајки од Македонија

  1. Пингување: „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк во „Сити мол“ на Саемот на книга | Literatura.mk

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.