Серијалот „Матеј и Луна“ во издание на Либи преставува комбинација на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање. Овие сликовници со активности се наменети за дечињата од голема група во градинка и прво одделение.
„Викенд на село со Матеј и Луна“
Близначињата Матеј и Луна поминуваат возбудлив викенд на село, запознавајќи се со животните кои живеат на малечката фарма, овошките и зеленчукот кои се одгледуваат таму, а имаат и по некоја невообичаена средба во околната шума.
„Матеј и Луна летуваат на море“
Матеј и Луна го поминуваат летото на море, што значи многу игри во песокот, пливање, нуркање, запознавање со рипчињата и други морски животни, како и потрага по многу потонати богатства. Ништо не е невозможно во лето!
„Матеј и Луна поаѓаат на училиште“
Денеска е први септември, првиот училиштен ден! Првачињата Матеј и Луна, полни со возбуда, ги дочекува учителката Маја, а тука се и новите другарчиња. Децата ги чекаат многу згоди и незгоди, учење, цртање, боење, литање и пишување, но и многу забава и дружење.
Се ближи Нова година, а близначињата Матеј и Луна се на гости кај баба им Цвета. Тие веќе испратија писмо до Дедо Мраз и очекуваат подароци, но изгледа дека тој има нешто друго на ум…















