Ту е горд на своето име – морски бог на војната. Но спомените на еден војник се различни: и неговите најсреќни мигови пливаат во некое минато и далечно море од крв и куршуми. Неговото е судбината на морскиот баталјон во Италија: тројца членови на исто семејство заминуваат да се борат по ридовите и рамниците на Апенинскиот полуостров, но само Ту се враќа.
Кој е товарот на тоа да се биде единствениот преживеан?
И што се случило со неговите браќа?
Одговорите се наоѓаат на страниците на неговиот воен дневник.
Инспириран од воените искуства на таткото и роднини на авторката, „Ту“ е потресно сведоштво за младите жртви на последната голема војна. Трагиката на овие спомени е двојна: морските момчиња ги напуштаат своите огништа за да се борат на другата страна на светот. Во војна што, како и секогаш, не е нивна.
Патриша Грејс е една од клучните фигури на современата светска литература и врвното име во пантеонот на маорската книжевност пишувана на англиски јазик. Нејзиниот статус се потврди кога во 2008 година беше прогласена за еден од лауреатите на престижната награда Нојштад.
Грејс е родена во Велингтон во 1937 година. Живее во Плимертон на наследената земја Нгати Тоа, Нгати Раукава и Те Ати Ава во близина на нејзиното домашно марае (маорски: огниште) во заливот Хангорка. Досега има напишано осум романи, исто толку збирки на раскази и пет книги за деца кои се редовно фалени и наградувани од критиката.
Книгата е достапна на македонски јазик тука.














