Продукциската куќа „Јуниверзал“ ја најави екранизацијата на книгата „Нека снежи“ за 9 декември 2016 година.
Филмот ќе биде базиран на збирката од три љубовни зимски раскази од триото најпродавани автори на денешницата, Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл.
Оваа трогателна, смешна книга, исполнета со празнична магија, е достапна на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Арс Либрис“.
Најстрашната виулица во последните педесет години
Три зимски љубовни приказни
Една волшебна вечер
Божиќ е и Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден завеан воз, таа предизвикува цела низа настани што засекогаш ќе променат неколку животи.
Наскоро – четиринаесет загреани мажоретки ќе го преплават локалниот „Вафл Хаус“, филмската вечер на Дјук ќе биде грубо прекината заради една Твистер-мисија, а една вљубена шанкерка ќе одлучи за судбината на едно прасенце…
На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.
Еднаш кога ќе помислите нешто, неверојатно е тешко да го одмислите. “― Џон Грин, Нека снежи














