Конкурс за краток хумористичен расказ

konkursИздавачката куќа Арс Ламина публикации распишува конкурс за најдобар краток хумористичен расказ на македонски јазик. Делата што комисијата ќе ги оцени за најквалитетни, ќе бидат објавени во антологија на крајот на оваа година, а авторот на најдобриот расказ ќе добие награда – таблет.

Целта на конкурсот е да се отвори една нова и досега малку истражена сфера на книжевноста пишувана на македонски јазик, долго и често маргинализирана и во светски рамки.

Услови: конкурсот е отворен за сите и дозволува релативна слобода, па (во согласност со субверзивната природа на смеата) ќе бидат прифатени не само сите видови на книжевен хумор (сатира, иронија, пародија, анегдота, бурлеска, фарса, анегдота…), туку и сите познати (па и непознати) варијации на формата (класичен расказ, епистоларен, дневнички запис, постмодерни експерименти…).

Ракописот не смее да биде подолг од 30.000 карактери, т.е. 15 страници; проред: 1.5, големина: 12.

Комисија: Румена Бужаровска, Владимир Мартиновски, Бранка Бугариска, Билјана Црвенковска и Виктор Јованоски.

Расказите да се испратат на адреса: publishing@arslamina.com, со назнака „Конкурс за расказ“, најдоцна до 30 јули 2015 година.

One thought on “Конкурс за краток хумористичен расказ

  1. Пингување: Literatura.mk

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.