Секој ден па до крајот на летото по една наша книга ќе биде на 24-часовен попуст и до 70% на веб страницата Литература.мк.
Лето – денот е долг, ноќта ја искористуваме до максимум, активни сме практично 24 часа, а плус имаме и најмногу време за читање. Летните активности ги започнавме со препораките за летните хит книги, а во моментов во тек е уште една голема летна активност: секој ден по една книга на 24-часовен попуст, во текот на целото лето.
Голем број од нашите наслови ќе бидат достапни со попусти и до 70%, но само преку веб страницата Литература.мк. Љубителите на книгата ќе можат секојдневно да се информираат кои книги се на попуст на веб страницата Литература.мк како и на фан страницата на Арс Либрис на фејсбук.
Повеќе на Литература.мк.















