На 6 јуни, Арс Либрис во соработка со Ротари Клубот Скопје – Центар и Здружението за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, организираше донаторска акција за помош на децата со аутизам.
Имено, во рамки на настанот кој го организираше Ротари Клубот Скопје – Центар по повод петгодишнината од чартерувањето, Арс Либрис и Здружението „Во мојот свет“ повторно ја претставија книгата „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна на едно аутистично дете, а гостите го дадоа својот придонес во акцијата со купување на книгата и донации.
Средствата собрани од овој настан ќе бидат исто така наменети за помош на децата со аутизам од социјално загрозените семејства да добијат соодветен третман.

















