Промотивно на Off Fest: Биографија на Мулату Астатке, таткото на етио-џезот

По повод гостувањето на Мулату Астатке во Скопје во рамките на Off Fest, Арс Либрис ја промовира биографијата „Мулату Астатке: Како се создава етио-џез“.
Мулату Астатке е таткото на етио-џезот. Тој е еден од најзначајните синови на културата на Етиопија и воедно еден од најуспешните џез-музичари на светот. Астатке бил првиот музичар од Етиопија школуван во странство (Лондон, Њујорк и Бостон) и првиот африкански студент примен на престижниот музички колеџ „Беркли“, кој во 2012 година го наградува со почесната титула Доктор по музика.
45735446-b9d9-4249-b910-d1f998a3f64c
Како водач на неколку групи, тој свири вибрафон и конги – инструменти што ги пренел во етиопската популарна музика, заедно со други ударни инструменти, клавијатури и органа. Поширока слава меѓу западната публика доживува во 2005 година, кога се појавува како автор на седум композиции од саундтракот за филмот “Broken Flowers” на Џим Џармуш.
Книгата „Мулату Астатке: Како се создава етио-џез“ претставува осврт на животот и музиката на овој 70-годишен музички иноватор, композитор, аранжер, инструменталист, радиопрезентер, сопственик на клуб и семеен човек, кој и ден-денес живее и работи во Адис Абеба, со ист жар и со иста живост како и во неговата младост. Книгата е дел од проектот на Универзитетот на Етиопија, во соработка со Зома центарот за современа уметност.
Во текот на Off Fest, книгата ќе биде достапна по цена од 150 денари.
Mulatu za FB

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.