Како национални партнери на АИЕСЕК Македонија, и оваа година Арс Ламина зема учество во Деновите на кариера. Оваа година Арс Ламина учествува на саемот на компании, кој се одржува во НУБ на 19 и 20 февруари, од 10 до 14 часот. Посетете го штандот на Арс Ламина и подигнете ваучер за 30% попуст на цела стручна литература во наше издание! Попустот ќе можете да го искористите прекуwww.literatura.mk, најдоцна до 20 март 2014.
Со подигнувањето на ваучерите учествувате и во извлекување. Најсреќните ќе добијат книга од Арс Ламина или изненадување од Литература.мк. Извлекувањето и доделувањето ќе се одвиваат утре, на 20. февруари на нашиот штанд.
Арс Ламина ќе одржи и предавање на тема “Литература и кариера“, во недела на Економскиот факултет и на Техничкиот кампус. Предавач ќе биде г-ѓа Бранка Бугариска, раководител на издаваштво.
















