Нов Арс Либрис бестселер: „Слобода“ на Џ. Френцен

Долгоочекуваниот роман на американскиот бестселер автор, Џонатан Френцен, е конечно достапен и на македонски јазик. Романот „Слобода“ е во издание на Арс Либрис, како дел од едицијата Бестселери. „Слобода“ е епска, семејна сага во која комично и трагично се доловени искушенијата на слободата: возбудлив тинејџерски копнеж, тешки средовечни компромиси, товар на едно конзервативно семејство и…