Давор Панчевски: Чест ми е што го презентирав готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ пред дипломатите

Со подготовка на мекици и презентација на избор од традиционалните специјалитети, младиот готвач Давор Панчевски, познат како Dave’s kitchen, ја промовира својата книга „Најдоброто од македонската кујна“ пред првата дама г-ѓата Елизабета Ѓоргиевска и претставниците од дипломатскиот кор. Настанот почна со презентација во живо – како се прават мекици. Панчевски го објасни процесот на подготовка…