Bibbych сними видеоспот во книжарницата Literatura.mk Superstore

Најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, е локацијата каде што е снимен видеоспотот на младата хип-хоп музичарка Бибич (Bibbych), за нејзината нова песна Don’t Judge The Cover. Насловот на нумерата (прев. Не ја суди корицата) е извлечен од познатата изрека: „Не ја суди книгата по корицата“, па одлично се вклопува со амбиентот богат со книги…