„Книга за телото“ од Камерон Дијаз

Во „Книга за телото“, број еден бестселер на Њујорк Тајмс, Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност. Ги презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од многубројни научни истражувања на светските експерти, а пренесени на нејзин личен јазик, стил и страст. Актерката служи…

Извадок: „Уличниот мачор Боб“ од Џејмс Бовен

Морав да го носам на ветеринар. Знаев дека моите импровизирани лекови нема да бидат доволни за да се излекува раната. И немав поим какви други здравствени проблеми може да има. Не сакав да ризикувам и да чекам, па одлучив да станам рано следното утро да го однесам во најблискиот центар за незгрижени животни, на другиот…

„Уличниот мачор Боб“ ќе добие филмска адаптација

Бестселер автобиографијата за бездомниот уличен пејач Џејмс Бовен, во која тој раскажува за своето опоравување од зависноста со помош од еден напуштен мачор, ќе добие филмска адаптација. Тоа беше приказна со мошне скромен почеток, приказна за патот до опоравувањето на еден човек од бездомништвото и зависноста со еден напуштен мачор за пријател до себе. Сега,…

Извадок: „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут

Имаше две нешта во животот што можеа да ме извадат од памет. Едната беше да се разбудам среде ноќ и пред себе да видам дух внесен со своето проѕирно лице кон моето. Не е баш многу веројатно да се случи, а сепак прилично бизарно да се помисли. Втората работа беше да задоцнам и да треба…

„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015

Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани. Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“…

Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“

За некои работи вреди да се бориш… Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу…

Наскоро два нови наслови – Тери Прачет и Крешимир Мишак

Како што веќе знаете, летото во Арс Либрис е посветено на добри книги и попусти кои траат цело лето :). Но покрај акциите, тука се и два нови наслови кои треба да излезат во продажба до крајот на овој месец.  Во едицијата „Фантастика“, го претставуваме второто продолжение од серијалот „Дисксвет“ на Тери Прачет – „Чудесна светлина“ …

Забавна книга за сите возрасти

„Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ на Јонас Јонасон   Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе…

Некои приказни живеат засекогаш

Најново од Арс Либрис: „Раскажувачката“ од Џоди Пико   Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува…

Нурнете се во имагинарниот свет на „Господин Пип“

Во еден роман што е едновремено напрегнат, прекрасен и бајколик, Лојд Џоунс пронижува една трансцедентна приказна што ја слави отпорноста на човековиот дух и моќта на приказните да ги променат нашите животи. На тропски остров разрушен од војната и богат со бакар, од кого учителите – како и безмалку сите други – имаат пребегано, само…

Зошто Наоки сака да скока?

Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете       Вчера, на 23-ти април, во Хотел Арка се одржа хуманитарен настан на кој издавачката куќа Арс Либрис и Ротари клубот „Кирил и Методиј“ од Скопје, ја промовираа книгата „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна на едно аутистично дете. Книгата претставува еден вид…

Арс Либрис на Саемот на книгата 2014

100 нови наслови и 300 книги подарок Од 8 април започнува Саемот на книгата. Арс Либрис ќе промовира 100 нови наслови и ќе подели 300 книги како подарок за посетителите.   Новите наслови од едицијата „Бестселери“ ќе вклучуваат не само нови дела и нови автори, туку и сосема нови жанрови кои досега не биле достапни…

Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење

Излезе од печат македонското издание на автобиографијата на Ричард Бренсон – вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“. Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила. Тоа е таа филозофија заради…

Нов Арс Либрис бестселер: „Слобода“ на Џ. Френцен

Долгоочекуваниот роман на американскиот бестселер автор, Џонатан Френцен, е конечно достапен и на македонски јазик. Романот „Слобода“ е во издание на Арс Либрис, како дел од едицијата Бестселери. „Слобода“ е епска, семејна сага во која комично и трагично се доловени искушенијата на слободата: возбудлив тинејџерски копнеж, тешки средовечни компромиси, товар на едно конзервативно семејство и…

„Сервирај за победа“ излезе од печат

Денеска, во тенискиот клуб АБЦ беше промовирана книгата „Сервирај за победа“ на Новак Ѓоковиќ, број 1 на АТП-листата, во која тој го претставува својот четиринаесетдневен план за безглутенска исхрана за врвни физички постигнувања и за ментална сила. Во 2011 година Новак Ѓоковиќ ја оствари најдобрата натпреварувачка сезона во историјата на тенисот: освои десет турнири, од кои…