Скопје во срцето на книжевноста

Денеска одбележуваме 59 години од разорниот скопски земјотрес. На 26 јули 1963 година, во 5.17 часот, Скопје го разбуди најголемата катастрофа во неговата поновата историја. Земјотрес со силни 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала), кој траел 20 секунди, го разурна градот. Од потресот бea урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над…

Скопје: град/есеј

Извадок од „Скопски есеи“ од Јелена Лужина:
Паметам дека целиот тој 26 јули – пеколно жежок, какви што умеат да бидат приморските јулски денови – упорно ги слушавме катастрофални радиовести за земјотресот чиишто први снимки ги видовме дури вечерта, во тогаш заедничкиот општојугословенски телевизиски дневник, кој почнуваше во осум часот. Црно-бел дневник, впикан во огромните црно-бели телевизори со денес незамисливо мали екрани и, главно, со хронично заматена слика. Весниците – тогаш исклучиво црно-бели, испечатени на слаба хартија и во огромни формати – можевме да ги читаме дури утредента: сите преплавени со страшни вести и приказни и уште пострашни фотографии…