Сликовницата „Девојче и мече“ од Ване Костуранов излезе на корејски јазик
Наградуваната сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на корејски јазик. Ова е трет јазик на којшто е печатена книгата. По првичната објава на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, следуваше српска верзија објавена од „Лагуна“. Во Јужна Кореја…