Извадок: „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ од Јонас Јонасон

Алан и Херберт трите дена чекање ги поминале во одмарање, бидејќи храната во палатата на премиерот била вкусна, а креветите меки. Американските бомбардери му се приближувале на Пјонгјанг многу ретко, бидејќи нишанеле на поедноставни цели. Конечно дошол и тој ден. По Алан дошол првиот човек на првиот човек на премиерот и го испратил по ходниците…