Јелена Лужина: Со поемата „Нова Атлантида“ Петре Бакевски полноправно влегува во македонските книжевни класици

Во присуство на членовите на семејството, многубројни познати писатели и новинари, пријатели, соработници и почитувачи на творештвото на истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, на 23 ноември, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје беше промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –…

Скопје во срцето на книжевноста

Денеска одбележуваме 59 години од разорниот скопски земјотрес. На 26 јули 1963 година, во 5.17 часот, Скопје го разбуди најголемата катастрофа во неговата поновата историја. Земјотрес со силни 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала), кој траел 20 секунди, го разурна градот. Од потресот бea урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над…

Скопје: град/есеј

Извадок од „Скопски есеи“ од Јелена Лужина:
Паметам дека целиот тој 26 јули – пеколно жежок, какви што умеат да бидат приморските јулски денови – упорно ги слушавме катастрофални радиовести за земјотресот чиишто први снимки ги видовме дури вечерта, во тогаш заедничкиот општојугословенски телевизиски дневник, кој почнуваше во осум часот. Црно-бел дневник, впикан во огромните црно-бели телевизори со денес незамисливо мали екрани и, главно, со хронично заматена слика. Весниците – тогаш исклучиво црно-бели, испечатени на слаба хартија и во огромни формати – можевме да ги читаме дури утредента: сите преплавени со страшни вести и приказни и уште пострашни фотографии…

Домашното за домашни задачи – „Збогум, Вано, Ванке“ од Оливера Николова е роман со клуч

Јелена Лужина: Автентичните писатели како Оливера Николова секогаш читаат помеѓу редовите, умеат да ги декодираат навидум „невидливите“ причинско-последични релации и интуитивно ги препознаваат оние загадочни сигнали кои „бликнуваат“ од таканаречениот поттекст. Романот „Збогум, Вано, Ванке…“ е „составуван“ токму од тој и таков материјал. Формално невидлив. Како и секоја фикција.

„Арс Ламина“ ќе промовира десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова

На 30 март (среда), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата…

Јелена Лужина: Во „Скопски есеи“ ги портретирам големците кои оставиле трага врз македонската култура

„Еден град се усвојува, а не се освојува. Природно е и нормално градовите да ги У-својуваме, а не да ги О-својуваме! И обратно: тие да нè У-својуваат нас.“ Со овие зборови познатата преведувачка, театролог и книжевен теоретичар, Јелена Лужина нѐ воведува во својата нова книга „Скопски есеи“, која беше претставена со онлајн-промоција, на 13 ноември…

Јелена Лужина во новата книга „Скопски есеи“ ги портретира големците што оставиле трага врз македонската култура

Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, на 13 ноември (сабота), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн-промоција на книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина. Онлајн-разговорот со авторката, која е позната по својата работа како преведувачка, театрологот и книжевен теоретичар, ќе го води уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, а ќе може да…