Кои изданија за деца и млади беа најбарани во „Литература.мк“ минатиот месец?

Интерактивните вежбанки за најмладите, „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“, неколку месеци по ред се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“. Минатиот месец имаше голем интерес и за новото продолжение од серијалот на Хариет Мункастер, за малата вампир-самовила: „Исидора Мун оди на свадба“, како и за серијалот „Умствени вежби, гениј“ и новите изданија од…

Илустраторката Наталија Лукомска ја претстави сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“ пред првата дама на Полска

Илустраторката на сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“, Наталија Лукомска, се сретна со првата дама на Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, во рамките на т.н. Дамска програма за време на гостувањето на полскиот претседател во Скопје. На настанот што се одржа во петокот (19 ноември), во канцеларијата на „Млади Хаб“, г-ѓа Корнхаузер-Дуда со својата домаќинка, сопругата на нашиот претседател,…

Владимир Лукаш: Сликовниците треба да бидат како децата – разиграни, луцидни и искрени

„Сите возрасни некогаш биле деца, но само малкумина се сеќаваат на тоа“… Овој цитат од култното дело „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери е потсетување дека, за да ги разбереме децата (и тие нас) треба најпрвин да го „слушнеме“ детето во нас. При создавањето дела за најмладите, без разлика дали тоа се книги, цртежи, анимации,…

Музичко „читање“ на стиховите од сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш со илустрации на Наталија Лукомска

Сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“ од авторот Владимир Лукаш, со илустрации на Наталија Лукомска, ќе биде промовирана на 18 ноември (четврток), во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Претставувањето на книгата ќе биде проследено со музичко „читање“ на Лукаш, кој во придружба на својата гитара, ќе изведе дел од песните застапени во…