За наградата „Пегаз“ за 2022 година ќе се натпреваруваат 38 ракописи

На четвртиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 38 ракописи. Конкурсот беше отворен на 28 април и траеше до 1 септември 2022 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува…

Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ отворен до први септември

Четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до први септември 2022 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат…

Недела со добитниците на наградата „Пегаз“ за 2020 година

Двата победнички романа на книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“ за 2020 година ќе бидат промовирани оваа недела. Најдобрите романи на минатогодишниот конкурс, „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески, кои се во издание на „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат претставени на пошироката јавност на две посебни…

44 ракописи во трка за наградата „Пегаз“ за 2021 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава по третпат го организираат конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината. Конкурсот беше отворен на 28 април и траеше до 31 мај. И оваа, како и претходните две години, одѕивот беше голем, па така, годинава, во…