Извадок: Томас Ман, ВОЛШЕБНИОТ РИД, ТОМ 2

Каде сме ние? Што е ова? Каде нè однесе сонот? Самрак, дожд и нечистотија, огнено руменило на матното небо кое непрестајно рика од тешкиот грмеж, влажниот воздух е исполнет и раскинат од остро пеење, со бесно рикање како да лаат сите пци на пеколот, рикање кое завршува со распрснување, бликање, кршење и пламења, со јачење…