„Супервештерката…“ меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград

Српското издание на популарната книга за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната писателка Билјана С. Црвенковска е меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград. Книгата, која на српски јазик излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, ја објави престижната издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала Лагуна“. Таа беше претставена минатиот октомври во…

Детските изданија на „Либи“ најчитани во Универзитетската библиотека во Битола

Книгите за деца во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најчитани во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола, јавува порталот „Битолањуз“ (bitolanews.mk). Според податоците од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, најбараните наслови меѓу младите читатели се: „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска,…

„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ преведена на српски јазик претставена на Саемот на книгата во Белград

Книгата за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната писателка Билјана С. Црвенковска деновиве е претставена на српски јазик во рамките на 63. издание на Саемот на книгата во Белград. Книгата на српски јазик излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, а ја објави престижната белградска издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала…