Убиство на свадба од соништата во „Списокот со гости“ – победнички трилер на изборот на „Гудридс“

Џулс и Вил се пар од соништата. На нивната свадба што се одржува на остров на брегот на Ирска ги канат сите свои најблиски роднини и пријатели. Но, гостите имаат други планови и со себе носат тајни и потиснат гнев. Тензиите растат уште од почетокот. Невреме го погодува островот, а свадбената торта е едвај пресечена…