„СНЕШКО. Дневникот на едно кутре“ од Снешка Путинска Трајковска е топла приказна за грижата кон миленичињата

Книгата за деца „СНЕШКО. Дневникот на едно кутре“ од авторката Снешка Путинска Трајковска, со илустрации од Анета Илиевска, ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 30 ноември (вторник), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со авторката и илустраторката ќе го води уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката…