Истакнатата пијанистка и авторка Снежана Анастасова-Чадиковска меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Истакнатата пијанистка, професорка и авторка Снежана Анастасова-Чадиковска, писателот Јован Павловски и академската сликарка и костимографка Елена Дончева се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“. Тие го добиваат ова признание за своите заслуги во областа на културата и уметноста. Министерството за култура соопшти дека универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи ја добива наградата во областа на…

Снежана Анастасова-Чадиковска: Преку приказните од пијаното до приказните за дружината на борот

Снежана Анастасова-Чадиковска е истакната пијанистка, професорка по пијано и музичка публицистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи во 1972 година и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 година е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. Има настапувано во многу музички центри во Македонија…